(ВИДЕО) Мицкоски: Парите директно ќе продолжат да одат кај Вицето, по покуса патека

Од:

Парите директно ќе продолжат да одат кај Вицето, по покуса патека, се осврна на најновиот предлог на владиниот состав денеска Мицкоски, при посетата на Љубанци.

-Како најпрвин ќе го победиме овој мал деспот овде во срцето на Балканот Зоран, Заев, видовме денеска конечно се потврди онаа наша максима дека сите пари ќе одат кај Вицето. Видовме денеска дека сите пари навистина ќе одат кај Вицето.

Дека немаат ништо што да понудат кое што ќе значи развој, градење на општество каде што ќе имаме просперитет, каде што ќе имаме сигурна и загарантирана иднина. Туку себичен мал деспот од Балканот кој што не може да види ништо подалеку од сопствениот интерес и интересот на сопствената фамилија.

Најпрвин треба него да го победиме, ама не да го победиме така што ќе имаме пирова победа туку треба да го победиме и да го пратиме каде што му е местото на темната страна на историјата, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека смената на Тевдовски од првото место во министерството за финансии е тргање на маската, зад која сега и официјално стои Заев.

-Народот се спротивставува на пеплосувањето и уништувањето кое го прават луѓето од Власта. Народот е против деспотизмот на Заев кој е лидер на СДСМ, во исто време премиер, а денес официјално дознаваме дека ќе биде и министер за финансии. Ако овој претходниот за финансии му беше маска, денес гледаме дека веќе таа маска ја нема, а виновникот за целата сиромаштија и несреќа на народот продолжува да биде Зоран Заев. Само се стеснува кругот на криминалот и на тоа дека сите пари одат кај Вицето, изјави Мицкоски.

-Бидејќи несреќата на народот лежи токму во Зоран Заев кој насекаде околу себе поставува клонови кој и самите си велат дека потполно се исти како нивниот лидер. Ова го збореше и Пендаровски кому гледаме дека не му е јасно чив бил Гоце, а Гоце Делчев е нашиот непокор, сила и херој кој го има во нашата химна.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека за незавидната состојба во која се наоѓа земјата не е виновна ниту ЕУ, ниту соседите, туку непспособноста на Заев.

Клучот на неуспесите не им се ниту ЕУ, ниту нашите соседи, туку Зоран Заев.

Власта која тоне во сопствената жива кал не е способна да изменаџира ниту еден процес до крај, постојано наоѓа изговори, оправдувања за своите неуспеси, а единствениот одговор на сето ова е народот кој ќе ги порази, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ