(ВИДЕО) Мицкоски: Осудениците од Диво Насеље се закануваат и напаѓаат за Заев побрзо да ги пушти од затвор

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на заканите од кумановската група упатени до поранешни функционери од партијата изјави дека осудениците од Диво Насеље од затворот му слугуваат на премиерот Зоран Заев со цел да бидат пуштени на слобода или да добијат помала казна.

– Ова е уште еден обид јавноста да се дефокусира од сите овие недела кои ги први оваа криминална непотистичка и насилничка власт. Луѓето се обидуваат од внатре да му слугуваат на деспотот Заев надевајќи се дека тој може со неколку потези да измени закон доколку тоа му е неопходно на него и тие околу него. Претпоставувам бараат милост од деспотот Заев за да може што побрзо да излезат од таму, вели Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија додаде дека ваквата изјава од луѓе кои се соочуваат со затворска казна која е резултат на она што го сторија во Диво насеље е грозоморна и монструозна.

-Обично кукавиците преку Фејсбук се закануваат по луѓе и политичари, а притоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат помала казна. Сте сториле нешто, има да одговорате за тоа, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се потпиша и даде поддршка за кандидатот за претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова во просториите на ДИК во општина Карпош.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник