ВИДЕО: Мицкоски ќе оди кај Пендаровски да побара доказ дали Заев има собраниско мнозинство

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и дел од пратеничката група попладнево ќе се упатат кон канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски за да проверат дали Заев доставил доказ за обезбедено собраниско мнозинство.

Мицкоски го обвини Пендаровски дека му го доделил мандатот на Зоран Заев без приложен доказ дека навистина има обезбедено собраниско мнозинство.

„По кој критериум Пендаровски одлучи да го додели мандатот на човек кој не достави доказ дека има собрано мнозинство пратеници?,“ праша Мицкоски.

Според него, мандатот е киднапиран од Заев, бидејќи тој немал мнозинство во Собранието.

Тој смета дека Пендаровски со тоа што му го додели мандатот на Заев, покажал дека не е претседател на сите граѓани, ниту заштитник на Уставот.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски