(ВИДЕО) Мицкоски: Граѓаните ќе се изборат за правдата наспроти оваа неправда

Од:

„Денеска е практично ден кога граѓаните треба да бидат гласни, треба со ливчето со пенкалото во раката зад гласачката кутија, масовно да излезат и да одлучат еднашка засекогаш да бидат поразени неправдите во Република Македонија. Да победи правдата. И граѓаните треба да бидат гласни против лагите, корупцијата, невладеењето на правото, немањето на демократија во државата, нечесните политичари наместо честитоста и искреноста и принципиелноста.

Така што денеска она кое што јас го очекувам е навистина еден убав демократски ден каде што граѓаните масовно ќе излезат и ќе се изборат за правдата наспроти оваа неправда која што е секојдневие. Оние таканаречени лаги кои што денеска ни ги пренесуваат политичките елити во Република Македонија од оние кои што се на власт.

Така што еве посакувам еден успешен ден, ден во кој што ќе победи демократијата во Република Македонија“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз