ВИДЕО: Мицкоски е лажго, идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија, вели Филипче

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги дека свесно ја туркаат државата во изолација за да ги заштитат, како што рече, сопствените криминални интереси.

„Македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот. Македонскиот национален идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата. Христијан Мицкоски и неговата криминална група ВМРО мора да разберат дека граѓаните многу јасно гледаат што прават“, изјави Филипче.

Тој оцени дека власта намерно ја оддалечува Македонија од Европската Унија за да ја задржи контролата врз институциите и да избегне, како што рече, европски стандарди на правда и одговорност.

„Намерно сакаат да ја изолираат земјава од Европа за да ја сочуваат својата криминална банда на власт. Вметнувањето на малцинствата во Уставот со цел да се почитуваат нивните права не е загрозување на македонскиот национален идентитет. Напротив, тоа е зацврстување на нашиот национален идентитет“, рече лидерот на СДСМ.

Според него, продолжувањето на европскиот пат ќе значи примена на европски закони, независно правосудство и крај на злоупотребите.

„Тоа значи европско јавно обвинителство пред кое нема да можат да командуваат ниту од собраниска говорница, ниту преку телевизиски настапи. Значи крај на наместените тендери, на партискиот грабеж и злоупотребата на државните и народните пари“, изјави Филипче.

Тој додаде дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го користат прашањето за националниот идентитет како изговор за блокирање на евроинтеграциите и зачувување на власта.

„Македонскиот идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија“, порача Филипче.

Би можело да ве интересира

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?