(ВИДЕО) Мицкоски: Деспотот започна да ја уценува Европа за да го покрие криминалот на Владата

Од:

„Сведоци сме како и последната надеж, на која се потпира оваа Влада на Заев за едно прашање, полека но сигурно исчезнува.

Европската перспектива е се повеќе загрозена од клиентелизмот на Заев и власта, неспособноста и егоистичните мотиви да се владее за свој личен бенефит“, рече Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што досега го видовме е стагнација, одземено достоинство, никакви реформи, криминал и корупција. Живот кој станува пекол, здравство каде наместо спасените животи, се множат крвавите тендери за приватни џебови, образование чиј квалитет постојано опаѓа, земјоделие без поддршка за земјоделците, судство без реформи. Но времето неповратно минува, а животите се арчат во чекање дека ќе биде подобро.

Наместо прагматизам и работа, гледаме клиентелизам кај луѓето од владата.

Станува јасно дека стратегијата на Зоран Заев беше власт по секоја цена, но не власт за да биде подобро за сите, туку да има разграбување и подобар живот на неколкумина од оваа влада.

Откако самиот тој увиде дека сменетото име нема да биде доволно за да се одржи на власт, и да ја дефокусира јавноста од редицата скандали, и измами, пресметката му беше дека оваа празнина ќе се покрие со ветувањето за европската иднина. Но таа со овој човек нема да дојде, нема да дојде затоа што зборовите за европските вредности кои ги изговара се празни, празни без суштина, без делата кои ги нема. И токму тоа отсуство на резултати во работата на оваа Влада не оддалечува неповратно од Европската Унија.

Микро светот на Заев станува негов однос кон Светот нанадвор. Па така сега гледаме она што го правеше кон опозицијата, уцени, закани и заплашувања во една ублажена форма, го применува и практикува кон нашите партнери земјите членки на Европската Унија. И затоа никако поинаку не може да се разбере неговото условување дека ако не му се прогледа низ прсти, и не и бил доделен датум за преговори ќе имало избори на кои можело да дојде радикалната десница.

Најпрвин ова го покажува вистинскиот карактер на Зоран Заев, еден мал деспот среде Балканот кој и се заканува на Европа и тоа без аргументи.

Второ, време е да си погледаме во очи и да си признаеме дека оваа власт не ја бива. И Европа нема да дојде само затоа што власта го смени името, туку затоа што не работи ништо за постигнување на стандарди. А од почетокот велев дека Европската Унија е пред стандарди кои мора да се постигнат. Нема ниту една реформа мерка или подобрување кое ќе го изнесе на маса и поради кои ќе ги убеди европските партнери дека заслужуваме датум за преговори.

Трето, и тој самиот со оваа изјава признава дека е на стаклени нозе оваа влада и дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и десниот блок, која не само што не е радикален елемент туку ќе биде носител на промените и обновата на оваа земја.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се однесува одговорно, и ќе се бори земјава да добие датум за преговори, и покрај сите скандали, неработа, промашувања и измами на власта, затоа што граѓаните не заслужуваат да бидат жртва на неспособната Влада која започнува да шири евроскептицизам.

И сосема на крај, во однос на емотивните изјави за двете Нобелови награди кои би ги одбил Заев во замена за датум за преговори, јас би порачал, дека јас би ги одбил сите награди на Светот само Зоран Заев не биде премиер на Република Македонија, бидејќи тој е вистинската пречка за развојот на Република Македонија и среќата која граѓаните ја заслужуваат“, изјави Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината