ВИДЕО: Мендух Тачи и Али Ахмети не дојдоа во ДИК

Од:

Без Мендух Тачи, Демократската партија на албанците денеска во ДИК ги подигна уверенијата за пратенички мандати.

Имер Алиу во краткото излагање пред членовите на Државнaта изборна комисија рече дека за изборниот грабеж во Чаир е виновен членот на ДИК, Субхи Јакупи и при врачувањето на уверението одби да се поздрави со него.

По пратеничките уверенија дојдоа и од ДУИ. Со нив не дојде претседателот Али Ахмети а не се појави ниту Ермира Мехмети.

Џевад Адеми рече дека резултатот од изборите ја отсликува волјата на граѓаните во албанскиот блок, каде неговата партија победи со огромна разлика пред ДПА на Мендух Тачи.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат