ВИДЕО: Меѓу двата изборни круга на Водно се издигна објект, Кисела Вода проверува дали е дивоградба  

Од:

Објект на Водно, под Марково Крувче, веќе неколку недели е центарот на вниманието на жителите на Кисела Вода за кој се сомневаат дека е дивоградба. Ја гледаат од далеку како објект што од ден на ден расте во зона во која не се дозволени градби. Меѓу двата круга од изборите жителите на Кисела Вода велат дека забележале оти се прави покрив на објектот со панорамски поглед на градот и тоа го пријавиле во Општината. „А1он“ се искачи на Водно кај градбата, која всушност е објект направен од дрво, но на два ката, кој веќе има и покрив што го немал во периодот околу изборите. Во него на долниот кат има овци и кози, а во близина има и објект од цврста градба на еден кат, кој воопшто не се забележува од градот.

Од Општината велат дека постапуваат по пријавата, но немаат прецизен одговор дали се работи за дивоградба.

„Инспекциската служба, по претходна пријава, е излезена на терен, при што е утврдено дека земјиштето пред неколку години од страна на Министерството за земјоделство е дадено под концесија на користење на повеќегодишен временски период. Концесионерот одгледува добиток. Од страна на општинските инспекциски служби се побарани документи од концесионерот, што треба да ги достави, по што ќе бидат преземени активности во согласност со законските прописи“, велат од Општината и уверуваат дека за овој објект, како и за сите други, ќе постапат исклучиво во согласност со законот и законските одредби.

Објектот е на државно земјиште дадено под концесија

До градбата води земјен пат, кој завршува во дворот каде што се сместени животните и објектот од цврста градба. Во дворот имаше автомобил, но луѓе немаше. Животните ги чуваат неколку кучиња. Рекреативците што често доаѓаат на оваа локација велат дека за животните се грижи брачен пар, доаѓаат навечер или рано наутро, но не секој ден.

Земјиштето, според Катастарот, е сопственост на Република Македонија, па жителите на Кисела Вода коментираат дека ова е уште еден обид за злоупотреба на државно земјиште оти под изговор дека се одгледува добиток почнуваат да се појавуваат објекти што од привремени стануваат трајни.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Ковачевски: ЈО да реагира за дивоградбата на „Пластичарска“, на народот му е преку глава од криминал и од изигрување на законите