Стотина Роми денеска се приклучија на „Маршот на гордоста и дотоинството“ кој се одржа по повод Денот на Ромите.
Тие маршираа од Топанско поле до Владата каде поднесоа барања со кои би се подобрила нивната состојба. Ромите се незадоволни од третманот на државата кон нив, од диксирминацијата која не е превенирана ниту санакционирана, за големиот процент на невработеноста, и се револтирани од односот на политичарите.
Велат има многу што да се каже за тешките услови во кои живеат, но својот револт го искажаа преку транспарентите на кои пишуваше:
„Никој нема право да не тегне за уши“, „Ние не сме мутанти“, „Сакаме промени“.
Младите кои учествуваа во маршот велат дека не е лесно да се биде Ром во оваа земја и дека оваа Влада на нив им го должи мандатот.
– Да се биде Ром не е лесно. Живееме во држава со високо ниво на дискриминација. Владата ја донесовме ние, да не бевме ние немаше да биде изгласана – сметаат тие.
Маја Васева