ВИДЕО: Маричиќ го демантираше Османи дека протоколот е усогласен со Генчовска

Од:

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ го демантираше министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека билатералниот протокол со Бугарија бил усогласен и дека се чека само да му стават потпис заедно до бугарската колешка Генчовска.

Протоколот, кој се уште не е достапен на јавноста и за кој Османи вети дека ќе го објави во секој момент, се уште не е усогласен до крај и неговото објавување нема да се случи денес или утре.

– Консултациите се уште траат и денес ќе разговараат координаторите на пратеничките групи. Владата ќе постапи одговорно, ќе ги разгледа информациите поврзани со текот на преговорите кои МНР ги водеше со Бугарија. Владата ќе го состави пакетот, протоколот не е до крај усогласен и потпишан. Тоа ќе го почекаме во следните часови или денови и тогаш ќе видиме на кој начин како пакет, трите документи кои ги објавивме: преговарачката рамка, заклучоците и отворачката изјава на преговорите, заедно со билатералниот протокол ќе ги ставиме на разгледување. Не мислам дека ќе трае предолго, но нема да се случи денес или утре – истакна Маричиќ на прес-конференцијата по средбата со германскиот специјален преставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи уште по средбата во Владата со коалициските партнери рече дека протоколот е усогласен меѓу двете министерства, но Владата ќе го разгледа во рамки на целиот пакет со трите документи кои веќе се објавени и на македонски јазик.

– Билатералната е протоколот, тој не е веќе во европскиот пакет и е билатерален со Бугарија, но е дел од овој процес за да бугарија даде согласност на пакетот. Тој е усогласен меѓу министерството за надворешни работи, но Владата ќе го разгледа во рамки на целиот пакет. Доколку владата донесе одлука дека го одобрува пакетот, јас можам да организирам средба со меѓувладината комисија на Бугарија и да го потпишеме протоколот. Мислам дека тоа би било во истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка – рече Османи.

Од оваа изјава на Османи поминаа шест дена, а протоколот се уште не е објавен иако министерот во два наврати на екипата на „А1он“ и потврди дека ќе го објави протоколот.
Претходно, ветување дека протоколот ќе биде јавен и дека нема да се крие, јавноста доби и од премиерот Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Фрчкоски до Муцунски: И од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста

Горан Наумовски

МНР најави кадровски решенија за испразнетите амбасади и конзулати

Горан Наумовски

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

Катерина Ѓуровски

Османи: Уставен суд извршува наредби на ВМРО-ДПМНЕ