(ВИДЕО) Маричиќ: Ако ги отвориме преговорите сега би можеле да влеземе во ЕУ до крајот на оваа деценија

Од:

Вицепремиерот Бојан Маричиќ е убеден дека Македонија може да влезе во ЕУ ако го прифати францускиот предлог и ги почне веднаш преговорите.

– И Србија и Црна Гора имаат слични преговарачки рамки. Тие преговараат повеќе од пет години и јас мислам дека би можеле и ние да ја завршиме домашната задача до крајот на оваа декада. Шансата е тука и не треба да ја пропуштиме – рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по денешната средба на партиските работни групи во Клубот на пратеници посветена на разгледување на последниот француски предлог.

Маричиќ посочи дека на состанокот ги изнеле нивните позиции, а ВМРО-ДПМНЕ изнел и други идеи поврзани со евентуални промени на преговарачката рамка.

– Беше добра почетна средба со овие позиции и мислам дека во наредните денови треба да продолжиме да разговараме, односно постои желба да се разговара на оваа тема, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот посочи оти ги објасниле механизмите за заштита на нашиот национален идентитет пред пратеничките групи.

– ВМРО-ДПМНЕ изнесе ставови кои ние веќе сме ги разговарале и во преговарачкиот процес, мислам ако продолжиме со разговори може да се надеваме на некакво поместување. Самиот факт што сме тука и ги отворивме ставовите, имаше и предлози од Павле Трајанов, имавме активно учество и од ДУИ и од Алијанса за Албанците, како опозициска албанска партија и мислам од сите актери имаше атмосфера во која треба да се продолжат разговорите – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК