(ВИДЕО) Манчевски: Нема разговори додека не се изберат сите обвинители на Катица Јанева

Од:

Во Клубот на пратеници денеска се состануваат претставници на четирите политички партии и преставници на меѓународната заедница да го решат проблемот со кршењето на договорот, кој како што рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски е настанат со одлуката на Советот за јавни обвинители да изберат само половина од предложените обвинители на Катица Јанева.

-Нема да реазговараме за ниту една друга тема, се додека не се реши овој проблем. Бараме Советот на обвинители итно да закаже седница на кој ќе ги изберат останатите обвинители на специјалната јавна обвинителка, рече Манчевски.

На најавите дека Јоханес Хан доаѓа во понеделник, Манчевски негира дека е тоа на барање на опозицијата. Според него меѓународната заедница е загрижена што не се почитува договорот и тоа директно од тие што се под контрола на власта.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел