(ВИДЕО) Манчевски: Коце Трајановски е одговорен за катастрофата со поплавите, оставка веднаш!

Од:

СДСМ бара веднаш оставка од Коце Трајановски за, како што велат, трагедијата со катастрофални последици што му се случи на Скопје.
Тоа, велат, го бараат и граѓаните на Скопје и целата македонска јавност.

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје, на прес конференција изјави дека постојат непобитни докази дека командантот на Градскиот штаб за заштита и спасување Коце Трајановски е одговорен, и тоа не само политички.

Еве ја изјавата на Манчевски:

Жртвите од 6 август се директна последица на:

1. Непревземање мерки за заштита пред поплавите и недостаток на инвестициии во инфраструктура;
2. Целосно погрешното дејствување за време на поплавата;
3. Тоталната неспособност за справување со последиците по поплавата.

Коце Трајановски ЗНАЕЛ дека постои План за заштита и спасување уште од 2010 година во кој Скопје е означено како „простор со висок степен на загрозеност од елементарни непогоди, особено одпоплави“.Знаел дека мора да го заштити градот од поплави од такви врнежи, но не го направил тоа.

Коце Трајановски ЗНАЕЛ за опасноста од невреме. За тоа информиралеметео-порталите уште во еден часот попладне. Наместо за тоа да ги предупреди граѓаните и да го вклучи алармот во градот, тој отворал турнир во мал фудбал.

Коце Трајановски ЗНАЕЛ дека има човечки жртви, дека има излевање на акумулација и огромна надојдувачка вода и дека е потребна брза евакуација на населението и затворање на обиколницата. Но, не направи ништо од ова. Напротив, со своите погрешни команди дополнително го зголеми ризикот за граѓаните.

Конечно, Коце Трајановски ЗНАЕ дека е потребна итна пренамена на милионите евра од Тркалото на лудоста и од другите луди проекти на Никола Груевски за да може да се справи со последиците и нормализирање на животот во погодените подрачја и за изградба на СИСТЕМ кој ќе спречи ова да се повтори, но не превзема ништо.

Бараме соодветна парична помош за настраданите за да може да се создадат минимални услови за живот. На семејствата им требаат пари итно. Им треба чиста вода, храна, облека, училишен прибор за децата, основни работи. Бараме парите од Тркалото на лудоста веднаш да се пренаменат за итна помош на настраданите, во вредност од 90 илјади денари по домаќинство.

Нема да дозволиме оваа трагедија да се заташка и заборави. Нема да дозволиме скопјани да живеат под закана од поплави затоа што на некој болен ум му се сонило метрополата да биде Дизниленд.

Би можело да ве интересира

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Горан Наумовски

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

СДСМ: Гордана Јанкуловска, која денес се претставува како жртва, беше дел од системот што години наназад ги кршеше човековите права

(ВИДЕО) Димитриевски: На владина седница е донесена одлука за финансиска поддршка не за лозарите, туку за винариите