(ВИДЕО) Манчевски: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се кадри на Груевски кои се обидуваат да го обноват режимот

Од:

Потпретседателот на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски изјави дека кадарот што ВМРО-ДПМНЕ неполн месец го има во преодната влада со досегашно однесување не покажале ништо, освен дека се кадар на Никола Груевски кои работат против интересите на државата.

„Цел месец се во Владата и не понудија ништо конкретно, ниту една мерка ниту една препорака за тоа како евентуално институциите да функционираат подобро. Единствено што гледаме се блокади и обиди да се обнови режимот. Најверојатно тоа се и насоките што ги добиваат од Будимпешта. Последен доказ за тоа е и барањето на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во својот кабинет да го смести советникот на Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски. Алексовски со години беше десна рака на Иванов, а низ сведочења за процесот за 27 април јавноста можеше да слушне и за неговата улога во организацијата на настаните од крвавиот четврток“, рече Манчевски во партиското седиште.

Тој ги прозва и другите технички министри или дополнителни од опозициската партија. Тимот на Рашела Мизрахи, рече, бил составен од лица кои се креатори на проектот „Скопје 2014“ и од лица кои што биле дел од кабинетот на Диме Спасов, дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски наместо да се грижи за земјоделците, рече, упаднал во простории на негови вработени и јавно ги снимал и вршел политички притисоци, а е познат и по тоа што организирал партиски протести каде што функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ глумеле дека се земјоделци.

-Дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочовска во својот тим, исто така, има ангажирано лица блиски на Никола Груевски и Ѓорге Иванов, како и блиски соработници на поранешниот министер Зоран Ставревски кој што остави длабоки штети врз македонската економија. Невенка Стаменковска Стојковски, која што е дополнителна заменичка министерка за информатичко општество и администрација е самата директно кадар на Никола Груевски. Таа беше во првите редови пред судовите кога се одвиваа судските процеси против криминалот на Никола Груевски и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, рече Манчевски, додавајќи дека граѓаните на 12 април ќе го казнат таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски