(ВИДЕО) Манасиевски: Раководството на сметководственото биро Левица во џеб ставило над два милиони денари

Од:

Раководството на сметководственото биро Левица го покажа вистинското лице, над 2 милиони денари ставиле во сопствениот џеб. Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил, кои како главни ликови од Левица, додека продаваат некаква скромност и неподмитливост во јавноста, си инкасирале во своите џебови над 2 милиони денари од Левица, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Президиумот на Левица, односно луѓето кои се пратеници во македонското собрание, водат кампања против своите колеги за добивање законски средства на патни трошоци, а истите од својата партија си повлекуваат слични суми кои се налик на патни трошоци, во вредност над 2 милиони денари. Дали Левица е политичка партија или сметководствено биро? Дали средствата кои ги добивале раководството на Левица, ги добивале затоа што се сметководители или затоа што земале партиски патни трошоци? Вистинскиот проблем е што тие се претставуваат како скромни, неподмитливи и народни. Не е проблемот во тоа што земаат средства од својата политичка партија, проблемот е што се дволични. Пред камерите едно, зад нив друго. Лажното претставување на раководството на Левица е демаскирано. Левица се прочитани, нагласи Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Нашите советници не гласаа за буџетот на Град Скопје за 2026 година

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Левица: Облаци црн чад од оџаците на цементарница УСЈЕ – нема реакција од надлежните

А1он

Апасиев: Очекувам едногласно усвојување на заклучоците за трагедијата во Кочани