(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче дозволил изградба на 16 модуларни болници кои не исполнуваат минимални стандарди

Од:

Министерството за здравство, во времето на Венко Филипче дозволил изградба на 16 КОВИД модуларни болници низ територијата на Република Македонија, кои не исполнуваат минимални стандарди. За време на КОВИД кризата, Светска Банка дава 30 милиони евра на МЗ за справување со КОВИД кризата, односно набавка на лекови, опрема и меѓу другото, изградба на нови 16 модуларни болници, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Светска банка, проценила дека МЗ нема капацитети да ги менаџира овие пари, па парите се даваат на проектна единица во МТСП, да ги спроведе сите набавки согласно меѓународните правила за потребите на МЗ. Спроведувањето на набавката го прави МТСП, а техничките спецификации и усогласеност на постапка според законски и подзаконски акти за здравствени објекти, го прави лице од МЗ, назначено од Венко Филипче. Е сега, што е тука спорно почитувани. Спорна е техничката спецификација, која ја прави одговорното лице назначено од Венко Филипче, каде што подоцна се констатира, дека не е во согласност со ниту еден стандард за изградба на објекти од областа на здравството. Не се почитувале Законот за градење и Законот за здравствена дејност, и не се почитувале минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.

Исто така многу важно за овој случај, е што овие болници се набавени и поставени како стоки, а стоки во ниту еден случај не можат да бидат користени како објект во кој се обавува здравствена дејност! Пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на Владата, го промениле законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче.

Овие болници не се запишани во катастар, немаат добиено одлука од Влада за трајно користење и немаат одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар. За овие работи, има евиденција во проектната единица во МЗ и истата е предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал на ден 12.12.2023. Од сето ова произлегува дека, Модуларните болници се бесправно и противзаконски поставени и не смеат да бидат користени за вршење на било каква здравствена или медицинска дејност. Оттука, го прашуваме Филипче, дали провизиите чинеа повеќе од животот на граѓаните? Зошто одобрил изградба на модуларни болници противзаконски? Зошто модуларните болници ги квалифицирале како стоки, во кои никако не смее да се обавува здравствена дејност? Вистината за модуларната болница, јавноста мора да ја дознае! Утре во исто време продолжуваме со нови детали од Аферата „Провизии кои чинат животи“, кажа Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти

Филипче: Европската перспектива е единствениот пат за стабилност, развој и реформи

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања