ВИДЕО: Македонски иноватори во Израел презентираа проекти за еврејското наследство

Од:

Македонски иноватори од победничките тимови од првиот хакатон „Биталион“ во тек на студиски престој во Израел презентираа проекти за еврејското наследство.

Турата наречена „Израел-стартап нација” беше награда за најдобрите млади информатичари и иноватори од цела Македонија кои креираа дигитални алатки за да раскажат дел од историјата на Еврејската заедница во Битола.

Во Израел во тек на петдневниот престој на крајот на минатиот месец, тие ги презентираа проектите кои ги развија на битолскиот хакатон „Биталон“, што се одржа во организација на израелското Министерство за надворешни работи и македонското Министерство за информатичко општество и администрација, во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола и здружението ,„Архам“.

– Првата идеја беше да се најдат алатки со кои младите луѓе во Македонија ќе се заинтересираат за историјата на Евреите, но излегоа поголеми работи. Младите иноватори направија дигитални алатки со кој ќе можеме да го продолжиме овој проект. Добивме повеќе одошто очекувавме. Сега веќе имаме идеи за неколку апликации, вели амбасадорот на Израел во Македонија Дан Оријан.

Турнејата низ Израел на македонските иноватори вклучуваше посета на Ерусалим, Тел Авив и Хаифа, средба со водечки технолошки компании, акцелератори и лидери, но и посета на локалитети од областа на културното наследство. Македонската делегација посети и група деца со посебни потреби кои што се рехабилитираат со помош на музика.

Покрај на Универзитетот „Бар Илан”, како и во повеќе технолошки центри и акцелератори, македонските иноватори ги презентираа своите проекти инспирирани од еврејската историја и во Музејот на холокаустот „Јад Вашем” во Ерусалим.

Воедно, врвни израелски стартап центри пред македонската делегација презентираа како успеале да ги лансираат своите бизнис идеи. Меѓу нив е и компанијата Мобилај Оркам која разви очила за слепи лица, односно алатка која со помош на гласовни пораки им помага на слепите во секојдневното опкружување.

Македонската делегација се запозна и со проектот со кој што оваа година Израел, покрај само неколку други земји во светот, ќе лансира ракета во вселената со модул кој треба да слета на месечината.

Вршителот на работи во амбасадата на Македонија во Израел Александар Аврамовски, кој ја пречека македонската делегација, вели дека е многу важна можноста што ја имаа младите иноватори од Македонија за проширување на своите искуства на Универзитетот „Бар Илан”.

– Се надевам дека соработката ќе продолжи. Контактите, мостовите помеѓу македонскиот и еврејскиот народ се многу важни и се надеваме на подобра иднина како за нас, така и за Израел, рече Аврамовски.

Би можело да ве интересира

Млади инвоатори ќе ја претставуваат Македонија на глобалниот младински предизвик Generation unlimited – Технологија за планетата 2022

Млади иноватори од нашата земја добија глобално признание за иновација за дигитална инклузија

Ландов

Светниколските иноватори со своите изуми против Ковид-19

А1он

Млади иноватори креираа дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост 

Ана Ололовска

Млади иноватори и претприемачи од 12 земји ќе ги решаваат проблемите со кои се соочуваат

Ана Ололовска

Соработка на иноваторите од Македонија и Франција

Ана Ололовска