(ВИДЕО) Левица пак демолираше во Собрание: „На ова пудлициве од ВМРО сите им се лижат оти ќе прават Влада“

Од:

После инцидентот во кој пратениците на Левица, Борис Крмов и Димитар Апасиев го искршија мониторот на спикерот Горан Мисовски и гаѓаа со амандманите кои не им беа прифатени, седницата продолжи, а двајцата пратенции повторно побараа да се прекине седницата.

– Не можете амандмани кои вас ви одговараат, 12, а немате образложение. Прекинете ја седницата пред да ескалира, нема деловнички услови да се отвори точката.А ова пудлициве од ВМРО-ДПМНЕ кои тука седат, тие се тие кои ова го договорија, сите им се лижат мислејќи влада ќе прават, дури и ДУИ. Не знам зошто да се произнесам затоа што немам материјал. Кој е тој амандман бидејќи се 2.500 – истакна Апасиев.

Крмов повторно се јави за процедурално и искршениот монитор го фрли на земја.

– Прекинете ја седницата, додека се случува ова, не може да има седница. Ова значи дека секоја следна Влада ќе може што сака да прави. Прекинете ја, ескалиравме на опремата, не сме избрани да молчиме, не сме избрани за посрани привилегии кои ги имаме пратеници, туку да ги штитиме интересите на овој народ – рече Крмов по што му ја одзеде картичката на Мисовски со која тој може да зборува преку микрофон.

– Што е ова бе, вака ли ќе се носат закони, ова да не се повторел црн петок, 27 април. Испаѓа дека со вас нема реазбирааее. Ајде тепајте ме. Не ми даваш ти право, народот ми дава право. Ајде, ќе ескалираме – додаде Крмов.

Нервозен, побара уште еднаш да се прекине седницата, а Мисовски му рече дека му истекло времето. Потоа се качи на бирото на Мисовски и почна да фрла со амандмани. Потпретседателот повторно даде пауза од половина час.

Би можело да ве интересира

Левица го одржа Вториот редовен Пленум, Апасиев e старо-нов претседател на партијата

Левица: Касами повика на рушење на уставниот поредок – ОЈО итно да постапи

Катерина Ѓуровски

Левица: Квислиншката власт ја премолчува бугаризацијата на Македонците во Албанија

Левица: Четвртина од Буџетот за 2024 година планиран со нови задолжувања

Горан Наумовски

Левица: Со карти на Голема Албанија во основно училиште во Струга се навредуваат Македонците

Левица: Државниот завод за ревизија ги потврди сомнежите за криминал на кој алудиравме