(ВИДЕО) Левица бара измени на Кривичниот законик со цел заштита на жртвите на семејно насилство

Од:

Пратеничката група на Левица поднесе предлог-измени на Кривичниот законик во скратена постапка со цел заштита на жртвите на семејно насилство преку зголемена проактивност на државните органи. Во правниот поредок има директна колизија помеѓу Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и актуелниот Кривичен законик, изјави Јована Мојсовска пратеничка од Левица.

„Додека Кривичниот законик телесната повреда при семејно насилство го означува како дело кое што се води по предлог, ЗСЗНЖСН го третира семејното насилство како јавно прашање и наложува гонење по службена должност:

Токму поради ова Левица поднесе предлог-измена на член 130 став 5 од Кривичниот законик, со кои измени предлагаме и телесната повреда при семејно насилство да се гони по службена должност. Праксата покажува дека најголем дел од кривичните пријави за семејно насилство се гонат токму по овој член и во голем дел од случаите, самите жртви на семејно насилство го повлекуваат предлогот за гонење на сторителот. Со измена на овој член, ќе се постигне воедначување помеѓу Законот за спречување на семејно насилство и КЗ. Поразителните статистики кои говорат дека сторителите речиси и да не се казнуваат или се казнуваат во само 15% од случаите, а само во 3% од случаите била изречена казна затвор.

Сметаме дека е штетна одредбата која предвидува гонење на кривичното дело телесна повреда при семејно насилство потребна писмена согласност од жртвата.. Оваа состојба укажува дека законодавецот не ги зел предвид психолошката состојба на жртвата, заканите, притисоците и надворешните фактори на емотивно ранливата жртва. Доколку делото телесна повреда при семејно насилство се гони по службена должност, тоа ја олеснува позицијата на жртвите и обезбедува независна интервенција од страна на државата.

Промена на членот 130 од Кривичен законик е вметната и во новиот предлог-закон за Кривичниот законик на кој работеше експертска група, но бидејќи најавите се дека новиот Кривичен законик ќе се усвои дури до крајот на следната година, сметаме дека потребна е итна измена во превенцијата на семејното насилство. Секое пролонгирање во заострување на правните механизми против сторителите на семејно насилство значи потенцијално нови жртви. Со постапувањето по службена должност при семејно насилство, државата ќе испрати силна порака дека семејното насилство нема да се толерира и дека ова кривично дело е казниво, независно од влијанието на сторителот врз жртвата, со што би можело да се воспостави одвраќачки ефект врз потенцијалните сторители – вели Мојсовска.

Би можело да ве интересира

Левица: Орце глуми скромност, а ангажира личен шофер за претседателот на Совет

До спикерот Гаши доставено барање за укинување на имунитетот на Јанчев

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

(ВИДЕО) Станкоска: Дали со еден стан Орце го реши проблемот на жените жртви на насилство?!

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

(ВИДЕО) Исмаил: Предлог-буџетот предвидува нови две милијарди евра задолжување на државата