Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Од:

Над 50 хектари земја во плодната Гевгелиска Котлина цели четиринаесет години се држат во заложништво на една од пропагандните макети на ДПМНЕ. На оваа површина нема фабрики, производствени погони, инвеститори ниту ветените работни места. Има празни парцели, трње и депонија, додека Македонија увезува храна и домашните земјоделци молат за обработлива површина – се посочува во денешното соопштение на партијата Левица.

– Во декември 2012 година, Никола Груевски дојде во Прдејци, фрли неколку лопати бетон и пред камерите прогласи почеток на седмата технолошко-индустриска зона. Следуваа вообичаените ветувања за странски капитал, фабрики и масовни вработувања. Камен-темелникот остана единствениот видлив производ на проектот. Четиринаесет години подоцна, официјалната понуда на ТИРЗ сè уште прикажува површина од 502.500 квадратни метри без ниту една зафатена парцела. Од економското чудо на ДПМНЕ останаа бетонски реликт, загубени земјоделски сезони и половина милион квадратни метри исклучени од реалната економија.

Апсурдот е уште поголем бидејќи планската документација бележи дека непосредно до локацијата веќе постоеле цевковод и хидранти за наводнување на земјоделските површини како дел од проектот „Јужна Вардарска Долина“. Значи, ДПМНЕ избра простор со земјоделска инфраструктура, го прекрсти во индустриска зона, го блокираше за производство на храна и потоа не донесе ниту индустрија. Така изгледа нивниот развоен модел – од плодна почва создаваат празна градежна парцела, од празната парцела прават прес-конференција, а од прес-конференцијата произведуваат четиринаесет години молк.

Мицкоски денес ја наследи оваа груевистичка руина и свесно ја продолжува. На власт е истата партија, со истата реторика за “инвестициски бум“, додека земјата во Прдејци останува бескорисна и за индустријата и за земјоделството. Секоја нова сезона во која овие 50 хектари стојат необработени претставува политичка одлука на актуелната Влада.

Левица бара Владата, Дирекцијата за ТИРЗ, Министерството за транспорт, Општина Гевгелија и Министерството за земјоделство веднаш да започнат постапка за укинување на нефункционалната зона, измена на планската документација, враќање на земјиштето во земјоделска намена и да се направат блокови парцели од 3 и над 3 хектари, а ресорното министерство преку јавен оглас да го даде под закуп на земјоделците.

50 хектари можат да создаваат храна, приходи и егзистенција за десетици земјоделски семејства. ДПМНЕ од нив создаде празен декор за едно одамна заборавено телевизиско прилепување на камен-темелник. Во држава со скап увоз, напуштени села и земјоделци кои се откажуваат од производство, чувањето плодна површина под ознака ‘индустриска зона’ без единствен инвеститор претставува злосторство врз јавниот интерес. Секоја педа земја треба и мора да биде посеана, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

(ВИДЕО) Станкоска: Орце Ѓорѓиевски против жртвите на семејно насилство вети дека ќе обезбеди субвенции за кирии, па ги исфрли од ребалансот

Горан Наумовски

Исмаил: Министерството за демографија крена раце од родилките – за доцнењето на надоместоците одговора со „не сме надлежни“

Мециновиќ: Демографијата не се спасува со „мамо роди ми братче“ – предлагаме закон за отпис на 20% од станбениот кредит по новороденче

Горан Наумовски