Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

Од:

Македонија и по седум месеци сѐ уште е на листата од Трамп, од 75 земји за издавање на иселенички визи, иако министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во јануари помпезно најави дека „Македонските граѓани ги очекува позитивно изненадување во врска со визната политика на САД во наредните шест месеци“. Иако овој период е веќе изминат, МНР и Владата во меѓувреме не излегоа со ниту едно соопштение околу темата која самите ја отворија, стои во соопштението на Левица.

– Очигледно, целата надворешна политика на ДПМНЕ се сведува на слепа надеж дека сервилноста еден ден ќе биде наградена. И покрај постојаното додворување кон американската администрација и некритичкото следење на секоја нејзина политика, Македонија останува на истата листа. Изгледа дека во Вашингтон многу повеќе ја ценат послушноста отколку што ја почитуваат.

Левица го повикува министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, што поскоро да даде објаснување што се случи со најавените „позитивни изненадувања“ и како точно изгледа процесот на соработка со САД со цел овие најави да се остварат, односно до каде е процесот на негова реализација. Доколку одговор од Министерот изостане, ќе стане очигледно дека оваа изјава е дадена единствено со цел да се амортизира можното незадоволство на граѓаните околу одлуката на Стејт Департментот со која Република Македонија беше ставена на листа од 75 земји на чии граѓани е целосно сопрен процесот за издавање иселенички визи.

Во обид да ја претстави Владата како фактор што може да влијае врз одлуките на Вашингтон, Муцунски си постави рок кој самиот не успеа да го исполни. Следниот пат, пред да ветува што ќе направи Трамп, можеби прво треба да провери дали воопшто има влијание врз одлуките што толку самоуверено ги најавува, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски