Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Од:

Делегација на Левица предводена од советникот Боби Илиевски, денеска положи цвеќе на спомен-обележјето кај Карпалак, оддавајќи почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години ги загубија животите во масакрот кај Карпалак – се посочува во соопштението од Левица.

– На 8 август 2001 година, припадниците на македонските безбедносни сили беа нападнати во кукавичка заседа поставена од припадници на УЧК. Во нападот беа убиени Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски.

Четврт век подоцна, државата сè уште нема обезбедено правда за масакрот кај Карпалак. Напротив, со години сведочиме како политичките елити го затвораат прашањето со амнестии, премолчување и политички договори. Во меѓувреме, статусот на бранителите со децении останува нерешен, а семејствата на загинатите се оставени сами да го носат товарот на една неправда која државата одбива да ја исправи.

И денес, наместо отворање на прашањето за одговорноста за воените злосторства од 2001 година, власта продолжува со политика на заборав и релативизација. Истите политички структури кои со години го одложуваат решавањето на статусот на бранителите, денес повторно бараат од македонскиот народ да прифати дека за дел од неговата историја треба да молчи.

Левица ќе продолжи да бара правда за бранителите и одговорност за сторителите на воените злосторства. По 25 години, Карпалак останува отворена рана на македонската држава и потсетник за цената на политичките договори склучени на грбот на оние кои ја бранеа. Воените злосторства не застаруваат. Вечна слава на хероите, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

За закана кон Мицкоски притвор, за претепувањето на Сара не – Левица обвинува за селективност на институциите

Катерина Ѓуровски

Левица бара одговорност од полицијата, Обвинителството и судот за постапувањето во случајот со претепаната Сара од Охрид

Левица: ДПМНЕ ќе решавале големи државни прашања, а не можат ни со кравите и Стојна да се справат

А1он

Левица: Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот“ на ДПМНЕ

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

(ВИДЕО) Крмов: Гаши ги ускрати пратеничките прашања на опозицијата со произволно толкување на Деловникот