(ВИДЕО) Лазаров: Го поздравуваме пресвртот во политиката на Жерновски во поглед на поставување на спомен обележја

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласаше воздржано за предлозите на советниците од СДСМ и Андреј Жерновски за поставување нови спомен одбележја во општина Центар, од едноставна причина што не се согласува со листата која ја понудија, нагласи на денешната прес-конференција Томислав Лазаров.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, истакна тој, нема ништо против тоа што СДСМ и Андреј Жерновски одлучиле да постават шест нови спомен одбележја во Центар, но сметаме дека нема потреба од повторување.

За советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Лазаров, нема апсолутно ништо спорно во тоа да им се изгради спомен одбележје на истакнати историски личности или значајни историски настани.
– Сметаме дека во Центар постојат и други личности и традиции кои заслужуваат да бидат одбележани, но за тоа мора да се дискутира, а не одлуките да се носат конспиративно и подалеку од очите на јавноста, рече на прес-конференцијата Лазаров.

Според него, јавноста треба да знае зошто Андреј Жерновски и советниците од советничката група на СДСМ одлучија да се градат спомен одбележја на „Играчи на Фанта“ и „Железничката колонија“.
– ВМРО-ДПМНЕ не ја спори одлуката да му се изгради спомен одбележје на „Кројач Ангелковски“, но треба да се размисли и за изградба на спомен одбележја на и други личности кои оставиле печат во живеењето на Скопје и кои заслужуваат ист третман како и „Играчите на Фанта”, рече Лазаров.

Тој нагласи дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе го поддржува позитивниот однос на општината кон значајните личности од историјата на Македонскиот народ и од тие причини, како што знае јавноста, ВМРО-ДПМНЕ преку изградба на спомен одбележја им оддаде должна почит на Гоце Делчев, Методија Андонов Ченто, на Павел Шатев и на десетици други кои оставиле траен печат во историјата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски