(ВИДЕО) „Лага е дека Собранието има мандат да одлучува за протоколот“, Милошоски тврди Османи лаже

Од:

Лага е дека Собранието има мандат да одлучува за протоколот. Ова е ставот на пратеникот Антонијо Милошоски на изјавата на министерот Бујар Османи кој рече дека треба насоки од Собранието пред го објават протоколот. Тој посочува дека Владата до Собранието доставила еден лист хартија. Милошоски го повика Османи да го достави протоколот до Комисијата за надворешна доколку сака да добие забелешки.

„Министерот Османи и премиерот Ковачевски прво почнаа со нетранспарентност и манипулации, за сега да влезат во зоната на лаги. Чиста лага е дека Собранието има мандат да одлучува за протоколот, особено не, во ситуција кога протоколот никој го нема. Бујар Османи изјави дека протоколот е усогласен. Министерката од Бугарија, Генчовска, потврди дека е заеднички усогласен за после тоа, министеро Маричиќ да каже дека истиот се уште не е формализиран. Во Собранието стигна само еден лист хартија како сублимирана информација за францускиот предлог од кој што ништо не може да се види ниту да се туврди, а камо ли да се расправа. Но доколку министерот Омсани сака да добие од Собранието став за македонско-бугарскиот протокол за кој сигурни сме дека е усогласен, нека ни го достави и Комисијата за надворешна политика веднаш ќе закаже седница и ќе му дадеме сто забелешки“, вели Милошоски за „А1он“.

Пратеникот е дециден дека Владата го третира Собранието како место каде ќе може да ги оправда веќе донесените одлуки и да ги формализира.
„Затоа сметам дека одлучувачка улога во овој процес можат да имаат помалите коалициони партии како ЛДП, ДОМ, ДК, кои доколку се одважат и посериозно го разберат овој народен револт и го искажат своето мислење, јасно и гласно, дека не треба да дозволиме Македонија да биде земја во која уште еднаш ќе се прават преседани со ЕУ и нашето зачленување кое во овој случај е сведено на она што го кажа амбасадорот Фуере, еден бугарски ученувачки предлог за кој клучот го има официјална Софија“, додава Милошоски.

Тој гледа загриженост кај Владата, за која смета дека чека народот да отиде по одмори, па да го протурка протоколот и францускиот предлог со прифаќање.

„Моето мислење е дека Владата калкулира со францускиот предлог и македонско-бугарскиот протокол. Загрижени се поради отпорот на кај јавноста, кај граѓаните, кој е оправдан и станува се помасовен. Сметам дека играат на картата време, летото да го направи своето, градот да биде попразен и така на тој начин во некое поповолно за нив време, со помалку присутни граѓани во главниот град и во цела Македонија да го протуркаат протоколот и францускиот предлог кој го имаат со Бугарија“, посочува Милошоски.

За извештајот објавен на бугарски медиум во кој се навдува дека нема да ги почне преговорите додека не ги смени учебниците и написите на спомениците, но и да ги исполни другите услови од протоколот, Милошоски кажа дека е жално што информации добиваме од Бугарија.

„Ние за жал во Македонија добиваме повеќе информации од Бугарија за тоа што одлучила нашата Влада во некои преговори, отколку од македонската влада. И денеска гледаме дека во Бугарија поради нивни внатрешно политички дискусии протече извештај од бугарското МНР во кој се тврди дека доколку се прифати францускиот предлог, реално Албанија ќе започне преговори за членство со ЕУ, Македонија ќе има само една фотосесија, но нема да ги започне преговорите, туку ќе започне една тешка сезифовска процедура за менување на Устав и исполнување на уцените кои ги наметнува Бугарија во билатералниот протокол кој е се уште таен за македонската јавност“, додава Милошоски.
ВМРО-ДПМНЕ, нема притисоци од странство да го прифати францускиот предлог.

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?

Милошоски: ДУИ ги приватизира игрите на среќа