(ВИДЕО) Кузеска: Оваа недела ќе стане јасно дали Мицкоски е за реализација на националните и стратешките цели на земјата

Од:

„Како народ и како држава имаме историска шанса да го продолжиме европскиот пат. После 17 години стоење во место, започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Скринингот тече одлично и наскоро ќе финишира“, рече Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

„Имаме силна поддршка од ЕУ и САД во значаен геополитичко момент којашто треба да ја искористиме затоа што следна ваква шанса, ниту нов договор нема да добиеме.

Пред сите партии и пратеници во македонското Собрание е одлуката: интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција.

Сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните и иднината на државата, со глас за Европа да дојдеме до остварување на уште една стратешка цел – членство во ЕУ.

Кога се работи за државните и национални интереси оваа недела ќе стане јасно и што одлучил Христијан Мицкоски: дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе остане во заложништво на Левица во анти-европскиот блок.

Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство и за реализација на национални и стратешки цели на земјата само доколку го поддржи европскиот пат и потребните реформи.

Национално единство не се прави ниту со блокади на државата, а најмалку со поделба по етничка или по каква било основа.

Додека СДСМ отсекогаш била и е на страната на државните национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржала ниту една стратешка одлука.

И кога државата го постигна Договорот од Преспа и кога стануваше членка на НАТО и кога на официјален македонски јазик ги започнавме преговорите за членство во ЕУ.

Мицкоски се уште има шанса да се претстрои на страната на државните интереси и да се приклучи на европскиот пат“, изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата