ВИДЕО: Кукавицата и лажго Петков ќе има поддршка од 59 пратеници на ГЕРБ за францускиот предлог, најави Бојко Борисов

Од:

„Разговарав со пратениците на ГЕРБ и ги прашав дали ми веруваат да го поддржам предлогот на Франција. Ако се осмели овој кукавица и лажго, ќе има поддршка од 59 пратеници и зелено светло за Република Северна Македонија и Албанија“, најави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Тој побара веднаш да се свика министерскиот совет, да се даде предлог и да се оди во Народното собрание.

„Верувам во Макрон и во ЕУ. Се што е добро во Бугарија доаѓа од ЕУ. ЕУ и НАТО во моментов бараат проширување со Западен Балкан, а ГЕРБ го започна овој процес. Петков ќе оди утре во Советот и ќе каже дека некој од Софија му пречи. Петков ќе се крие и ќе се плаши. Француското претседателство ја направи најдобрата рамка и таа не може да биде подобра“, истакна бившиот премиер Борисов.

Борисов истакна дека актуелната влада не направила ништо за Протоколот, кој е составен дел на францускиот предлог.

„Ако имаме премиер да свика седница, ќе влеземе ние 59 пратенции на ГЕРБ. Сакаме да го решиме прашањето со Македонија пред гласањето, да не се срами Бугарија“, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски