(ВИДЕО) Кржаловски: Можно е Груевски да си поднесе оставка уште пред вториот изборен круг

Од:

Извршниот директор на „Македонскиот центар за меѓународна соработка“, Александар Кржаловски, смета дека падот на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ се должи на иницијативата за реформи во партијата односно повикот за бојкот на членството. Според него ова е главната причина зошто опозициската партија со толку голема разлика ги загуби локалните избори.

Покрај иницијативата за реформи, како што кажа Кржаловски, постојат уште две причини поради кои ДПМНЕ ги загуби изборите, а тоа се клиентилистичкото гласање и можноста гласачите порано да биле под закани и уцени, па сега се чувствуваат ослободени да гласаат за кого тие сакаат.

– Она што е очигледно е дека голем контингент од 100 до 120 илјади гласачи кои до сега гласале за ВМРО-ДПМНЕ овој пат одлучиле воопшто да не излезат. За падот на гласачите на оваа партија има три објасненија, од кои две се поврзани за клиентелистичкото гласање односно луѓе кои сметале дека ќе имаат бенефит од гласањето за владејачка партија, втората е поради тоа што можеби биле под закани и уцени па сега се чувстуваат ослободени, но по мене повеќе е третата односно иницијативата за реформи во партијата односно повикот за бојкот на членството на ВМРО-ДПМНЕ.

-На некој начин ова треба да е казна за раководството на ДПМНЕ со не излегување и не давање поддршка со што ефектот е над 100 илјади гласови помалку на контото на оваа партија. Прашање е од овие три фактори кој фактор колку допринел за овие гласови, но од прилика се тие главните причини за неизлегувањето на досегашните гласачи на ДПМНЕ, вели Кржаловски.

Тој вели дека самата кампања и изборниот ден генерално многу не се разликувале од претходните изборни циклуси, изборите биле фер и демократски и може да се смета дека резултатите се кредибилни.

-Нема многу простор за критика кон СДСМ, односно кон новата Влада за организирањето на изборите, вели Кржаловски.

Кржаловски најави дека е можна оставка од Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште во периодот помеѓу двата изборни круга бидејќи според него доколку продолжи бојкотот и во вториот круг, ДПМНЕ ќе ги изгуби сите општини за кои ќе има повторно гласање.

-Доколку е точна претпоставката дека ова неизлегување беше глас против актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, можна е оставка на лидерот на партијата и целото раководство уште сега за колку-толку да може да се спаси она што остана. Ако продолжи овој бојкот и во вториот круг, за ВМРО-ДПМНЕ во опасност се сите општини, односно најверојатно сите ќе ги освои СДСМ особено Гази Баба и Кисела Вода, вели Кржаловски кој тврди дека во ДПМНЕ мора да има голема промена доколку сакаат да освојат некоја од општините.

Во врска со институтите кои го истражуваат јавното мислење, директорот на МЦМС изјави дека постојано прават споредби со претходните избори бидејќи тие се единствена можност за нивна проверка.

-Во овие неколку години се профилираат три по кредибилни институти, „М- проспект“, „Рејтинг“ и институтот за политичко истражување – „ИПИС“. За овие локални избори малку се објавија податоци и не би се сложил со првичната констатација дека повторно се промашија прогнозите. Единствено нешто што се промаши е разликата кај ВМРО-ДПМНЕ бидејќи се работи за систематско неизлегување, кај другите партии беа прилично точни во рамките на статистичката грешка, вели Кржаловски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот