(ВИДЕО) Кратовалиев: Директорот на Идризово спроведува самовластие и тортура врз Бошкоски

Од:

Ние на записник поставивме прашање дали од стана на судскиот совет постојат пречки досега а и понатаму да се ограничи правото на Љубе Бошкоски три месеци да излезе порано од затворот.

На записник, значи имаме евидентен писмен доказ дека такви пречки не постојат, не постојат ограничувања на кои се повикуваше директорот на затворот, а ние тоа целовреме го тврдевме дека има писмо кое беше пуштено во затворот до него, рече адвокатот на Бошкоски, Константин Кратовалиев.

– Ова значи дека цели триесет дена, Бошкоски се наоѓа во немилост на директорот на затворот и неговото толкување на законската одредба од членот 206 каде во ставот 1 точно и децидно се наведени условите под кои што едно лице излегува три месеци пред истекот на казната затвор.

Повикувањето на некои си дискрециони права во вид на самовластие кои сега директорот на Управата Идризово го спроведува врз Бошкоски, според мене претставува продолжување на тортурата од негова страна.

Она што може да се забележи дека сме сведоци, дека институциите кои се надлежни за контрола на спроведување на законските одредби во овој момент не реагираат. Директорот на затворот ниту е сам поставен ниту сам одлучува. Директорот на затворот е должен да ги спроведе актите од законот и за Бошкоски, како што ги спроведува за стотици затвореници на кои им потпиша решение за излегување од Идризово.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска