(ВИДЕО) Ковачки: Владата веднаш да го објави Протоколот, народот не поддржува бугаризација

Од:

СДСМ и ДУИ се свесни дека ја немаат поддршката од народот и знаат дека работат спротивно на народната волја, тие се подготвени да направат национално предавство и сето тоа го правдаат со сликање кое ќе го добијат за некаков наводен почеток на преговори. Затоа и го кријат протоколот со кој се бугаризира Македонија, се бугаризираат македонските херои и со кој на Бугарија и се дава можност да се повикува на документ со кој самите ќе се согласиме да се бугаризираме рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Иако најавија дека ќе го објават, иако бугарската министерка за надворешни, Генчовска јавно кажа дека протоколот е потпишан, сепак македонското МНР го крие протоколот од јавноста. А кога нешто криете, јасно е зошто тоа го правите. Владата е должна да го објави протоколот. Парадоксот да биде уште поголем, пратениците на СДСМ повикуваат да дадеме поддршка на еден лист хартија што е доставен до Собранието и за нешто што и самите го немаат видено. А дека токму историјата е дел од преговорите и се подготвува бугаризација потврди и Пендаровски вели Ковачки.

Тој ја повика власта мора да ја слушне силата на аргументите, да престане како што рече да ја силува демократијата во државата и да престане да ја поларизира состојбата за која е директно одговорна.

– ВМРО-ДПМНЕ останува на цврсти позиции, промена на Устав – не доаѓа во предвид го повтори ставот на партијата Ковачки.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник