(ВИДЕО) Ковачевски: Со овој предлог сме во далеку поповолна позиција

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски после средбата со партнерите од владината коалиција рече дека модифицираниот предлог е добра основа за разговори.

„Во европскиот предлог имаме дефинирано позиции за јасно прифаќање на македонски јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка.

Преговарачкиот процес и меѓувладината конференција се инкорпорирани во предлогот. После оваа средба целиот предлог ќе биде објавен на веб страната на владата“, рече Ковачевски.
Тој додаде дека денешниот состанок е прв од низата консултативни средби со сите партнери.

„Позицијата во која денес се наоѓаме е далеку поповолна од претходно. За да изградиме заеднички став почнавме широк консултативен процес со опозицијата, граѓанскиот сектор и медумите“, истакна премиерот.

Би можело да ве интересира

Украинците предлагаат целосeн прекин на огнот

Горан Наумовски

Зеленски: Москва прави сè што може за да биде неуспешен следниот состанок

Москва чека одговор од Киев дали ќе има состанок во Истанбул на 2 јуни

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Завршија руско-американските разговори во Истанбул