(ВИДЕО) Ковачевски: Нека ни е со среќа, целта е до крајот на 2030 година да бидеме членка на ЕУ

Од:

„Времето на преговорите ќе зависи првенствено од реформите што ќе ги спроведеме, но преку интензивна работа имаме за цел Македонија да биде подготвена да ги преземе обврските од членството на ЕУ до крајот на 2030 година за да може да стане членка на ЕУ на следниот буџетски период на ЕУ.

Нека ни е среќен почетокот на пристапните преговори и сигурен сум дека набрзо ќе се радуваме заедно на полноправното членство на Северна Македонија во Европската унија“, се обрати премиерот Димитар Ковачевски на првиот дел од првата меѓувладина конференција со која беше означен почетокот на пристапните преговори со ЕУ.

Македонија аплицираше формално за членство во ЕУ во 2004 година, а доби кандидатски статус во 2005-та. После 17 години е направен клучниот историски чекор кон остварување на деценискиот сон, смета премиерот Ковачевски.

„После 17 години го направивме клучниот историски чекор на патот кон остварување на деценискиот сон за кој огромен број на граѓани, лидери, стопанственици, државни службеници, новинари, експерти кои долго време ратореа на тоа. За остварување на оваа стратешка цел донесовме мудри и храбри одлуки во интерес на иднината на нашите деца“, рече тој.

За премиерот ова е најголемиот чин за патриотизам и со оваа конференција сме покажале дека припаѓаме цивилизациски, историски и географски на Европа.

„Ние сме мало мултиетничко и мултикултурно општество кое секојдневно го живее мотото на ЕУ. Обединети сме во различностите и длабоко се гордееме на истите. Северна македонија има направен модел кој обезбедува еднаквост во остварувањето на правата на малцинските заедници. Немаме територијални спорови со соседите и градиме добри односи преку Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија. Македонија е земја на пријателство и соживот. Делиме исти вредности, а отсега ќе делиме и европска иднина.

Европска иднина со почитување на посебноста на македонскиот народ и неговите јазични, идентитетски и културни особености. Мило ми е што за овие прашања нема да се разговара во текот на преговорите. Горд сум што македонскиот јазик ќе биде јазик на кој ќе се води процесот на преговарање за пристапување. Со нетрпение го очекуваме денот кога ќе влеземе во ЕУ и македонскиот јазик ќе стане еден од 24 официјални јазици во ЕУ“, истакна Ковачевски во своето обраќање во Брисел.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината