Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Од:

Кривичната пријава против поранешниот премиер Димитар Ковачевски и против поранешниот генерален секретар на владата Методија Димовски, не е отфрлена, соопшти Основното јавно обвинителство.

– Основното јавно обвинителство Скопје во овој предмет постапуваше по поднесени кривични пријави и од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција. По сите преземени дејствија од сите надлежни институции во конкретниот случај до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените шест лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела за кои беше поведена постапка. За останатите наводи од пријавите проверките продолжуваат.

Од ОЈО објаснуваат дека Ковачевски и Домовски се пријавени за сосема друг временски период и за други дејствија, а на седницата на 06.06.2023 година кога точка на дневен ред била одлуката за „Лотарија“ претседавал единствено Груби.

Би можело да ве интересира

Ја давел и ја тепал сопругата со чадор, семејно насилство во скопски Бутел

Девојчето се качило на креветот да земе играчки, ова го налутило таткото кој крвнички тепаше 4-годишно дете

Катерина Ѓуровски

Обвинителството отвори истрага за шесткатницата дивоградба во Чаир

Катерина Ѓуровски

Крадел од канцеларијата на градоначалникот на Гази Баба, од ПМФ и од Шумарски факултет, Обвинителството бара притвор

Зошто обвинителството не е побарало официјален одговор за сертификатот директно од ETS – СДСМ за отфрлената кривична пријава против Христовски

Обвинителството бара притвор за двајцата поранешни директори на Онкологија