(Видео) Ковачевски: Историските прашања ги нема во новиот предлог на Франција

Од:

Новиот предлог кој Франција и го достави на нашата влада е подобар од првиот предлог затоа што ги содржи забелешките на владата, смета премиерот Димитар Ковачевски без да открие дали во новиот предлог Македонија направила дополнителни отстапки.

„Официјално пристигна предлог од француското претседателство по нашата интервенција минатата недела во Брисел. Предлогот ќе биде соопштен откако ќе ги помине сите филтри во институциите. Ќе следи широк процес во кој ќе бидат вклучени претседателот и опозицијата“, истакна премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата после владината седница на која се разгледуваше францускиот предлог.

Тој апелираше јавноста да се воздржи од шпекулации, а одлуката ќе се донесе конструктивно со заштита на националните интереси.

– Во однос на ставовите во Бугарија, таму има процес кој помина во нивните институции. Со оглед на тоа дека имаше драфт идеи на кои имавме забелешки, таков процес не можеше да се отпочне. Нашите забелешки се содржани во новиот предлог кој се наоѓа на анализа во МНР. Во однос на историските прашања, во предлогот содржани се нашите барања дека тие не можат да бидат дел од преговарачката рамка – додаде Ковачевски.

Процесот ќе трае колку што е потребно да се консултираат сите чинители во земјата.

– Откако ќе биде усвоена преговарачката рамка, процесот ќе го води ЕУ и ние ќе имаме обврска да ги негуваме добрососедските односи – рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства