(ВИДЕО) Котески: Го повикувам Талески да учествува на следната седница на Советот на Општина Битола

Од:

Досега оваа локална власт претводена од Талески и од ДПМНЕ потроши над 200 милиони евра буџетски пари, народни пари! Буџетот на Општина Битола за 2015 година е досега најобемниот, најголемиот буџет на Општина Битола, рече Благојче Котески.

Предвидениот буџетот за оваа година изнесува 25 милиони евра.

Но и оваа сума на пари не е доволна за Талески и за ДПМНЕ.

Во понеделник овај Совет предводен од Талески и од ДПМНЕ ќе го задолжи градот и сите нас битолчани, за нови 2.5 мил евра.

Со ова ново задолжување, буџетот на Општина Битола за 2015-та ќе тежи фантастични 27.5 мил евра.

Во името на советниците од опозицијата го повикувам општиноначалникот Талески да земе учество и да присуствува на седницата на Советот на Општина Битола закажана за во понеделник 30 Март со почеток во 10 часот.

Ја повикувам и претседателката на Советот на Општина Битола Силвана Анѓелевска, во името на Советот на Општина Битола да го повика општиноначалникот Талески да земе учество во дебатата на Советот.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот