(ВИДЕО) Корчок: Словачка останува силен поддржувач на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Од:

Во посета на Република Македонија престојуваше вршителот на должност министер за надворешни и европски работи на Република Словачка, Иван Корчок.

На средбата со гостинот од Словачка, министерот Димитров информираше за конкретните мерки што ги презема Владата на Република Македонија на внатрешен и на надворешен план, со цел исполнување на неопходните критериуми за почеток на преговорите за членство на земјата во Европската Унија и влез во НАТО. Во таа насока, министерот Димитров ја потенцираше важноста на поддршката од нашите европски пријатели, заблагодарувајќи се за исклучително активниот ангажман на Словачка на овој пат.

Од своја страна, вршителот на должност министер за надворешни и европски работи на Република Словачка, Корчок, истакна дека реформите што ги спроведува Владата се во вистинска насока и упати пораки на охрабрување кон Владата да продолжи со нивната имплементација. Воедно, реафирмира дека Словачка останува силен поддржувач на Република Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО.

Министерот Димитров, со својот гостин присуствуваа на официјалното отворање на конференцијата “Национална конвенција за ЕУ во Република Македонија”, која што се реализира со финансиска поддршка од SlovakAid и USAID. Во воведниот настап, меѓу другото, министерот Димитров изјави: “Ние сме Влада која е резултат на мобилизација на нашето општество. Практикувањето на отворен, конструктивен и транспарентен дијалог со претставниците на граѓанското општество и НВО секторот во процесот на зајакнување на демократијата и креирање и спроведување на националните политики, е од клучна важност.“

Покрај Министрите, на панел дискусијата земаа учество и заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски интеграции, Бујар Османи, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Артан Груби, амбасадорот на САД, Џес Бејли, шефот за политички, правни и внатрешни работи, информација и комуникација, Делегација на Европската Унија во Република Македонија, Лукаш Холуб и претставник на Асоцијацијата за надворешна политика на Република Словачка, Томаш Стражај. На настанот присуствуваа дел од дипломатскиот кор во Македонија, еминентни академски претставници и претставници од државните институции на Македонија.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски