(ВИДЕО) Коњановски: МТСП да запре со опструкциите врз Општина Битола

Од:

„Централната власт, продолжува со опструкции врз локалната самоуправа во Битола, овој пат, директно удирајќи по воспитно образовниот процес и нанесувајќи им индиректна штета на нашите најмлади, нашите најмили – децата од предучилишна возраст. Ветивме промени, а централната власт на секој начин сака да ги стопира промените, не почитувајќи ја волјата на народот, со која се соочија пред само четири месеци“, рече Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола.

„Во досегашниот период, до Општина Битола беа доставени низа претставки од вработени во ЈОУДГ Естреа Овадија Мара, каде се наведени жалби од однесувањето на директорот на оваа установа.

Јас и во текот на вчерашниот и денот пред тоа се сретнав со повеќе од 50-тина вработени од таа институција.

Мобингот, своеволие, притисоци. Вака вработените ја опишуваат атмосферата во дел од деветте објекти кои се во склоп на градинката, со кои раководи директорката на таа градинка.

Дополнително, група вработени, реагираат и на начинот на одржување и изборот на член во Управниот одбор на установата од редот на вработените, опишувајќи го како нерегуларен, спроведен без присуство на сите членови и во недостаток на гласови, дополнет со глас на директорката која самата гласала. Нелегално избраниот член, не беше изгласан од Советот на општина Битола.

Како локална самоуправа, не можеме да дозволиме ваков начин на функционирање во установите под наша надлежност и ингиренција, поради што целата документација ја доставивме до министерството за труд и социјална политика. Ова впрочем го правиме со повеќе дописки до министерството и за поплаките и преписките кои ги имаат вработените во детската градинка.

Наместо преземање на соодветни мерки, денес, се соочуваме со одземање на ингеренциите за оваа детска градинка, токму поради нашата посветеност за законско спроведување на постапките и обезбедување соодветни услови за работа на вработените, а пред се непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст“, изјави Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ