(ВИДЕО) Коле Чашуле од ТВ „Алфа“: Коронавирусот им се погоди на СДСМ и на Филипче

Од:

И покрај препораките дека медиумите треба внимателно да известуваат во однос на коронавирусот, а на ситуацијата дополнително да не се долеваат тензии, особено од партиски контекст, уредникот во националната телевизија „Алфа“, Коле Чашуле, во неговата емисија „Седмица“, вчера им се обрати на гледачите со политичка порака дека „коронавирусот им се погодил на СДСМ и на министерот за здравство Венко Филипче“.

„Коронава не им се погоди само на Филипче, туку и на цело СДСМ. Не викам дека посакуваа да се случи такво нешто, навистина не верувам, но дека навистина им се погоди, им се погоди. На што мислам – на тајмингот. Пред се, ако не се одложат изборите. Срамот, паниката, забраната за јавни собири и слично, најмногу им одговара нив. Не џабе Заев не гледаше оваа недела причина да се одложат. Зошто мислам дека му одговара да има избори во ваква ситуација – прво затоа што на само еден месец пред избори, вниманието на јавноста е свртено кон една многу поголема тема, отколку на изборите. Значи, луѓето не се занимаваат со нивната катастрофална политика од изминативе речиси три години, беспарицата, корупцијата, криминалот – едноставно нивното катастрофално владеење, туку се грижат за своето здравје, а исплашен народ најлесно се владее. Мое лично мислење е дека изборите треба да се одложат, затоа што доколку се одржат во ваква атмосфера, тие нема да го покажат вистинското расположение меѓу народот, на опозицијата многу ќе ѝ наштетат, а Заев може да триумфира јавајќи на национална несреќа“, рече Чашуле во неговата емисија.

Би можело да ве интересира

361 нов случај на Ковид-19, направени се 2176 теста, почнаа 14 лица

Катерина Павлова-Николовска

22 нови пациенти во ковид центрите во Скопје

Катерина Павлова-Николовска

9985 активни случаи на Ковид-19 во Скопје, 16231 во цела држава

Катерина Павлова-Николовска

403 новозаразени со коронавирус, починале десет лица

Жарко Настоски

Бројот на оздравени ковид пациенти во гевгелиско со растечки тренд

Ана Ололовска

Над илјада матични доктори не можеа да учествуваат во дискусијата за Ивермектин со Докиќ, програмот дозволува сто корисници

Кристијан Ландов