ВИДЕО: Кои се новинарите пропагандисти што ги бара Велиновска?

Од:

Новинарката Мирка Велиновска, која пред два дена во Собранието бранејќи го заонот за медиуми побара да се воведат лиценци за пропагандисти новинари со што би се ставило разлика помеѓу диктирано и објективно новинарство, токму минатата година говореше пред партиски активисти, на трибина на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Велиновска се појави како предавач на тема „Влијанието на медиумите врз креирање на јавното мислење“, при што кажа дека „лошото новинарство, некомпетентно, непрофесионалното е еден од најголемите штетници кое може да го разори општеството“.

-Ние сме луѓе кои одиме по ивица на жилет, од една страна е објективно информирање, а од друга манипулацијата. Многу лесно новинарот може да го изгуби компасот, на тој начин кога сте блиски до некој центар на моќ ја менувате својата природа-може некој да ве поткупи, да ве тинтраат моќни луѓе, така влегувате во его трип, дека сте многу значајни и да забегате, рече на трибината новинарката Велиновска.

За себе кажа дека не е во таа група на поткупливи новинари.

– Сум била блиска со политичари, но правилата се овие-никако од никого што е моќен ни за мене ни за мојата фамилија, не сум побарала услуга. На Нова година кога делат пенкалциња, тетратки, никогаш не сум зела. Не сум дозволила никој да ми плати кога ме викале на ручеци, рече Велиновска и ги подучуваше партиските припаднички дека зборот е многу опасно оружје со кое може да се уништат многу судбини и цели фамилии, и затоа треба да се внимава.

Но токму Мирка Велиновска, во документарниот филм на МТВ, за Љубе Бошкоски додека тој беше во затворот во Хаг, кажа дека чувствува лична одговорност што создавала кај народот лажна претстава за екс министерот за внатрешни работи.

Ми остави впечаток дека е позитивно зајадлив кон мене како позната комуњарка која пишувала се нешто за него. Кога отидов во Истра во нивниот дом сакав да видам што е вистина од она што сум пишувала, паѓајќи во стапицата на проекциите за него, што ни ги сервирале тајните полицајци на СДСМ. Знаевме дека е слаткар, дека е шверцер, дека е матна личност. Во тие седум дена кога бев таму јас го видов Љубе Бошкоски како работлив човек кој го опслужуваше своето домаќинство. Се осетив бедно, како новинар и како човек, и од таа одговорност не може никој да ме ослободи, јас лично ја носам, како и сите ние, со тоа што создававме кај народот, преку нашите медиуми, лажна или намерна претстава за Љубе Бошкоски како лош, некомпетентен, неодговорен човек, изјави Мирка Велиновска во документарниот филм на МТВ, сниман додека екс министерот беше во затворот во Шевенинген.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време