(ВИДЕО) Коциќ: СДСМ вложува во здравството, создава подобри услови за лекување на граѓаните

Од:

СДСМ континуирано вложува во унапредување и модернизација на здравството како многу важен сегмент. Од една страна, преку бројни капитални инвестиции создаваме подобри услови за лекување на граѓаните, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

– Само овие неколку денови клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, е модернизирана со набавка на нови апарати, во вредност од 1 милион евра, обезбедени од Владата предводена од СДСМ. Набавен е нов современ апарат за литотрипсија, нов апарат за мамографија со томосинтеза, и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе е ставен во функција во оваа Клиника. На Клиниката за ортопедија е пуштена во употреба комплетно реновираната современа хируршка сала, со што се заокружува еден процес кој значи осовременување капацитетите за лекување, интервенции и закрепнување на пациентите.

Со инвестиција од 15 милиони денари, се овозможува Клиниката да има зголемен број на операции за 20% на годишно ниво а со новата опрема за пациентите се обезбедува современа и комплетна грижа. Новата Клиника во Козле, од Институт за белодробни заболувања прерасна во клиника каде се овозможува и специјалистичка нега на терцијално ниво. Набавени се голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел, потоа одделот ендокринологија, Клиниката за токсикологија, како и други клиники, поликникики и болници ширум државата.

Граѓаните од Сарај за прв пат по 50 години добија модерен поликлинички центар, вреден 1,3 милиони евра. Реформите и инвестициите во здравство се еден од најважните приоритети на Владата предводена од СДСМ. Тој процес не застана ниту во време на најголема здравствена и економска криза, и затоа во изминатиот период се пуштени во употреба голем број нови реновирани здравствени објекти, како и нова опрема ширум медицинските центри во државата. Од друга страна СДСМ ги покачи плати за здравствените работници и лекарите. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. Така и ќе продолжиме, платите ќе растат во здравството и понатаму – рече Коциќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер