(ВИДЕО) Кочани по пожарот: Пепел, изгорени куќи и уништени фасади, се гаснат последните пламени

Од:

Пожарот кои синоќа бесееше во шумата во близина на Кочани и кој зафати дел од куќите остави пустош. Откако во текот на ноќта пожарникарите и локалното население успеаја да се изборат со огнот, денеска се расчистува она што остана по пожарот и се прави првична проценка на штетите.

Бандерите кои се целосно уништени се уриваат. На ридот на 50 метри од куќите има возило на кочанските пожарнаикари кое ги гаси последните делови од каде што излегува чад.

Граѓаните по непроспаната ноќ се уште ги расчистуват куќите кои беа зафатени од пожарот.

Две куќи се изгорени, а другите се исчадени и исцрнети или со штети на фасадата. Во моментов се врши проценка на штета.

Над куќите имало штала каде што за среќа стоката била пуштена. Целосно се уништени се пчелни стопанства како и мини-фарма со кокошки.

Девет лица кои вдишале чад во текот на ноќта побарале помош во кочанската болница. Сите се пуштени на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он