Ана Кнежевиќ од Студентскиот пленум ги обвини деканите на Филозофскиот и Филолошкиот факултет дека две недели не им ја отстапувала просторијата на амфитетатарот за одржување трибина со професорите.
– Деканката на филолошкиот факултет, деканот на филозофскиот факултет, две недели не испраќаат од врата на врата за да ја добиеме оваа просторија. Деканите ни рекоа не можеле да ја отстапат оваа просторија и не испратија кај ректорот, кој не се занимава со доделување простории, туку го претставува универзитетот во земјата и во странство. Тој, како и што очекуваме истото ни го кажа и не врати кај деканите, кои ни дадоа многу помала просторија која не собираше ниту една третина од луѓето овде. А сега на 15 минути пред оваа трибина ни ја одобрија оваа просторија, а продеканот изјави-вие секогаш можете да го добиете амфитеатарот. Ние не баравме услуга, туку го бараме она што законски ни припаѓа. Во иднина очекуваме позитивен одговор, зошто се на универзитетот ни припаѓа нам, рече Кнежевиќ и ги прочита членовите од законот кои пропишуваат што се студнетите можат слободно да користат.
Погледнете го одговорот од продеканот на Филозофскиот факултет.