(ВИДЕО) Кировски: Да престане ова лудило со даночењето на хонорарите

Од:

Сојузот на музички уметници на Македонија е против законските измени за даночење на секој хонорар со 35%, затоа што се носи без да се консултираат сите засегнати страни и тоа е врв на ароганација и безобразие. Овој став на денешната трибина го кажа претседателот на Сојузот, Љубиша Кировски.

– Ова е закон кој не им оди во полза ниту на хонорарците, ниту на редовно вработените. Јасно е дека овој закон е само да се полни буџетот, а образложенито за добродетелството кое наводно треба да ги заштитите правата на хонорарците-не поминнува.

Нашиот став е дека треба да престанеме да молчиме, со децении наназад музичките уметници добиваат срамни хонорари. Со тој хонорар треба да се плати сала, ЗАМ, клавир, штимање на клавир. Со овие измени, со логиката на владата ние ќе треба да си платиме од својот џеб за да свириме концерт, рече Љубиша Кировски претседател на СМУМ.

Целиот овој закон е избрзан и Владата треба убаво да размисли. Кировски рече се случуваат чудни работи во културата-Владата плаќа субвенции за развивање на фолк музиката, се финансираат “Валандово фест“, “Цветници“, со големи суми.

– Дали државата и културата како репрезент во светот треба да ја претставуваат уметници или фолк и поп пејачи кои земаат по 20.000 евра за три минутни песнички? Треба да се стави крај на ова лудило, треба да седнеме на маса со Министерството и да разговараме отворено за овие теми. Не се согласувам дека секој што има различен став е од опозицијата, никој од нас овде не е политички определен. Добивање награда “национален уметник“ на фолк пејачка, тоа е апсурдно, би замолил надлежните да се престанат со оваа практика и да почнеме со нова ера во уметноста, рече Кировски.

Според Светиев овој закон не’ засега во негативна смисла сите нас, односно сите профили кои се поврзани со музичката култура, музичкото образование и музичката продукција.

– Основниот ефект е негативен од законот затоа што го обезвреднува нашиот труд, И онака нашите примања се минимални, кога ќе се применат овие давачки тоа сигурно ќе не маргинализира во секоја смисла. Вакви закони кои нудат решение можеби за некој проблем, но генерираат уште полеми и многу проблеми, не им е местото во нашето општество и треба конструктивен дијалог, за да се надмине, за да не мораме да излегуваме на улица, рече Тодор Светиев.

Според Васил Атанасов сите музичари се на исто мислење дека овој закон не им одговара.

– Ако треба да плаќаме 35 проценти данок, ќе бидеме демотивирани и ќе немаме идеја за натпревар, за усовршување, да ја претставуваме државата. Досегашните хонорари не беа на завидно ниво, ниту за потребите кога сме прозведувале одлични програми. Потребно е да се разговара, да има дијалог, ние плаќаме данок, никој не е против да се плаќа данок. Сметам дека одлуката и законот се избрзани без да се согледаат сите реперкусии кои ќе се одразат врз сите нас, рече Атанасов

– По мене просечно во Македонија, за еден рецитал кој го заработува уметникот , добива до 200 евра, а не повеќе. Ајде да имаме четири до пет во годината е добро, но не се толку зашто се 2 до 3 рецитали. И тие се обезвреднети и замислете сега, директно до Премиерот изјавувам, на 200 евра треба да се плати данок од 35%. Значи 70 евра треба да одат на државата. Тоа е дестимулирачки. Апсолутно не се исплаќа да се занимавате со уметност во Македонија, категоричен е Љупчо Коскаров, професор во Државниот музичко-балетски училишен центар „ Илија Николовски- Луј“ и на ЕСРА.

Од трибината беше порачано дека премиерот и министрите треба да знаат дека музичарите не се ниту богати, ниту капиталисти, дека земаат по 200 евра хонорар за концерт. А ако треба да се плаќа 35 проценти од тие хонорари, на музичките уметници едноставно нема да им се исплати воопшто да се занимаваат со уметност. Лекарите си заминаа, младите си заминаа, сега и ние ли треба да си заминеме, прашаа музичарите.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on

(ВИДЕО) Актери: Доста со овој грабеж, укинете го законот за хонорари!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нека го повлечат законот за хонорарци пред да си заминат од власт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Протест на хонорарците: УА Лопови

Ана Ололовска

(ВИДЕО) АЈДЕ!: Утре сите на протестен марш – НЕ за неуставните закони за хонорарците!

Ана Ололовска