„Солидарност“: Власта да ги повлече измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување

Од:

„По само еден месец од последните измени на законските одредби со кои се воведе плаќање на придонеси за хонорарите, властa повторно направи измени во овие законски одредби. Самиот овој факт на менување закони на еден месец е запрепастувачки, а покрај тоа особено вреди да се истакне дека со овие најнови измени повторно се воведува максималната основица за пресметка на придонесите од плати и хонорари, која власта ја укина само пред еден месец.

Ова е уште еден доказ дека власта целосно го има изгубено компасот и дека не знае што прави. Дали е свесна власта за неизвесноста која ја креира ваквото нагло менување на законите? Дали е свесна дека на овој начин си игра со судбините на луѓето, затоа што тие нема да знаат какви законски измени можат да се случат утре? Со враќањето на максималната основица, повторно се воспоставува радикална регресивност на даночниот систем, кој ги фаворизира екстремно богатите. Така, со најновите измени, вкупните давачки кои треба да ги плати еден вработен со бруто плата од 14.000 денари изнесуваат околу 35%, додека давачките на некој менаџер со бруто плата од 85.000 евра месечно изнесуваат само 12%“, се вели во писменото соопштение на левичарското движење „Солидарност“.

„Во образложението на законските измени, се наведуваат примерите на Австрија, Франција, Германија, Шпанијa и Хрватска, кои имаат горен лимит на основицата за пресметка на придонесите. Она што власта не го наведува е дека сите овие земји имаат изразено прогресивни даночни стапки, кои најчесто изнесуваат 0% за оние со најниски примања, и вообичаено достигаат 50% за оние со највисоки примања, што е сосема спротивно од македонскиот случај.

Заради сево ова, Левичарското движење „Солидарност“ ја повикува Владата под итно да ги стави во мирување сите измени на законите со кои се воведува плаќање на придонеси на хонорари со цел да се отвори простор за дебата која ќе овозможи изнаоѓање на најдобрите начини за решавање на проблемите на хонорарните работници и за темелна реформа на даночниот систем во Македонија“, пишува во соопштението на „Солидарност“.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја стави на гласање Декларацијата на Левица за Палестина оти не била преведена на албански

Орце Костов

Амандманска расправа за законот за данок на солидарност

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

„Солидарност“ демантира дека ќе се вклучи во формирање партија

Ана Ололовска

Солидарност: Власта е соучесник во експлоатацијата на работниците

Ана Ололовска

Солидарност: Борбата против малигниот груевизам во општеството мора да продолжи!

Емир Латифовиќ