(ВИДЕО) Кепевски: Парите на граѓаните не смее да се користат за подмачкување на нечие задоволство

Од:

„Дали премиерот Зоран Заев и министрите од владата користат лубриканти и за што ги користат е нивна работа. Буџетот и парите на граѓаните се и наша работа. Парите на граѓаните макотрпно заработени не смее да се користат за подмачкување на нечие задоволство. Не станува збор за превенција туку за чист хедонизам и подобро уживање кое го препорачува Заев и неговите министри.

Додека има стотици дечиња на кои им е потреба помош и нивниот живот зависи од донации преку СМС пораки и донации на хумани луѓе владата распишува тендер за набавка на лубриканти“, рече Томи Кепевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Набавка на овие лубриканти е потпишана лично од премиерот Зоран Заев. Планирано е да се потрошат верувале или не 95 милиони денари (или 1,5 милиони евра) пари на граѓаните. Како за споредба минатата година оваа програма се финансирала со 11 милиони денари.

Уште побизарно е објаснувањето на Владата дека лубрикантите се набавени за да се делат заедно со презервативи. Ова е уште еден доказ дека луѓето кои се во оваа зграда не знаат кај тераат.

Би сакале од Владата да ни одговорат каква врска имаат лубрикантите со заштитата од ХИВ и како тие ќе спречат ширење на оваа заразна болест?

Или обезбедете бесплатно лекување за сите или одете си од власт доколку мислите да ги расфрлате парите на граѓаните за лубриканти. Македонија веќе не може да ве издржи. Џабе лубриканти“, изјави Томи Кепевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош