ВИДЕО: Казни за маркети на „КАМ“ бидејќи масло даваа само под услов да се направи сметка од 800 денари

Од:

Три маркети на „КАМ“ добија казна од 12.000 евра за фирмата и 3.600 евра за одговорното лице од Пазарната инспекција, откако зејтинот го тргнаа од полиците, а иако го имале на залиха, го даваа само ако купувачите направат сметка од 800 денари. Ова доаѓа по објавата на „А1он“, каде вработените ја спроведуваа оваа одлука на раководството. Директорката Анета Симеска-Димоска кажа дека ова е нечесно пазарно однесување.

„Кај еден субјект имаме прекршочни платни налози за нечесно пазарно однесување – имаше масло во магацин, а не на рафт. Има и прекршочни платни налози каде по Закон за заштита на потрошувачи кој се однесува на условување на купување на едни производи или други производи, што е казниво. Казната е 4.000 евра за правното и 1.200 евра за одговорното лице. Станува збор за еден троговец кој има повеќе маркети, утврдено е во неколку градови“, кажа директорката Симеска-Димоска како резултат од инспекцискиот надзор.

Инспекторите во вторикот направиле проверка во повеќе маркети на „КАМ“, а по пријавата од „А1он“, кој таква ситуација затече на терен и сними.

„Маслото за кое зборувате по однос на евиденцијата со документација во приемниот лист каде сме надлежни е продажната цена е 90 денари. Нема да дозволиме да имаме манипулации од страна на трговците. Бараме да имате доверба и трпение и чувство дека навистина како роган се грижиме максимално да ги спроведеме нашите обврски“, додаде Симеска-Димовска.

Една од телевизиите вчера јави дека на рафтовите од „КАМ“ има зејтин и станува збор за дезинформации. Според казнувањето на Пазарна, ваквата објава е пласирана без да се провери на терен.

Би можело да ве интересира

Ваучери за брак, слободен ден за роденден: Дефицитот од работници ги принуди фирмите да ги зголемат бонусите

A1on

Ќе се намалат цените на храната, а маркетите наместо 40 отсто ќе имаат рабат од 10 отсто

A1on

За власта луксуз е да јадеме риба и овесни снегулки, а мајонезот е поскап оти се грижи за нашето здравје

A1on

Трајковски: Пломба за сите трговци кои ги доведуваат потрошувачите во заблуда

А1он

Пешев: Маркетите немаа доволно време да се „престројат“, затворањето треба да биде последната мерка што ќе ја применат институциите

Поевтинуваат лебот, млекото и месото: Владата ги објави производите кои маркетите од утре ќе мора да ги намалат

A1on