ВИДЕО: Караџовски преку Судскиот совет сака Панчевски да „лапне“ уште еден мандат

Од:

Судскиот совет формираше комисија која треба да врши вонредна оценка на судиите кои се кандидирале за претседатели на судовите. Не е тајна дека претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски и покрај сите скандали сака да ја смени оценката на Владимир Панчевски од три на четири, со цел да остане во трката и да биде реизбран за претседател на Кривичниот суд, злоупотребувајќи го советот.

– Немам повеќе што да произнесам. Ќе има вонредно оценување за сите кандидати кои претендираат за претседатели на судии. Тоа го одлучивме согласно законот за судски совет. Веќе е формирана соодветна комисија и ќе почне со работа, рече претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски.

Тој истакна дека имале конструктивна расправа за состојбите во Основниот суд Скопје 1 и дека се донесени заклучоци, но не сакаше да каже пред медиумите што заклучоци донеле.

– Повикуваме на разум, на решавање на состојбите внатре во судот и секој што има проблеми од редот на судиите, бидејќи една од основните работи на Судскиот совет е заштита на угледот на судиите и чување на довербата во судството, да се обратат до советот и сите проблеми да ги решаваат институционално. Оној што претпоставува дека кај некого има кривична одговорност соодветно на кривични пријави, без многу давање информации на јавноста за целата работа, слободно да се обратат на Судскиот совет, рече Караџовски.

Тој не се согласува со формирање на специјално одделение во Кривичниот суд. Вели, нема толкава криза во судството.

– Состојбата не е доволно добра за угледот на судот. Генерализирањето некој друг го започна, дека преку еден суд целото судство не е во ред, рече претседатeлот на Судскиот совет.

На прашањето дали Судскиот совет дозволи да избегаат работите од контрола, Караџовски кратко одговори дека новинарското прашање не е соодветно.

– Со оглед на состојбите, соопштување на некои работи на медиумите, придонесуваат неосновано угледот на судството да биде нарушен, рече тој и додаде дека не смета дека судството е партизирано.

Освен Панчевски, кандидати за претседател на Кривичниот суд се судијата Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ.

На 4 декември освен мандатот на Панчевски, завршува и мандатот на Лидија Неделкова, претседателка на Врховниот суд. Кандидати за претседател на Врховниот суд се актуелната претседателка Лидија Неделкова, екс претседателот Јово Вангеловски, судијката Снежана Бајлозова и Беса Адеми.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ