(ВИДЕО) Калеска Ванчева: Деблокадата на Собранието е во интерес на граѓаните и државата

Од:

Политичкиот дијалог со опозициската ВМРО-ДПМНЕ е демократски стандард за земја членка на НАТО и држава која се движи кон полноправно членство во ЕУ. Конечно треба се деблокира работата на Собранието. Тоа е во интерес на граѓаните и на државата, во интерес на нашата заедничка иднина, особено сега, во време на пандемија, рече денеска на прес-конференција пратеничката и координаторка на Форум на жени на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева.

-Заради процесот на имунизацијата на населението против коронавирусот, заради обезбедување поддршка, промоција и потврда од најголемата опозициска партија, се согласивме пописот да се одложи за наесен, од септември. Важно е да поминат и двете фази од вакцинацијата и освен попишувачите, да биде вакциниран и значаен дел и од населението кое ќе биде попишано. На тој начин ќе имаме повеќе имунизирани граѓани, повисок степен на заштита, што ќе резултира со поголема безбедност, но и спокој кај сите граѓани, истакна Калеска Ванчева.

Според неа, промовирањето на какви било поделби, по етнички, политички или други основи не е во интерес на граѓаните, ниту во интерес на пописот како исклучително важен за држаата, а храмот на демокатијата не треба да биде поле на безбројни пресметки на грбот на граѓаните, туку место каде ќе се носат решенија за нивните проблеми.

-Бојкотот опозицијата треба да го замени со вклученост во важните општествено-политички процеси, конструктивноста да ги победи бескрајните опструкции, интересите на граѓаните да бидат над теснопартиските интереси. Со процесот на деблокада на Собранието, на нас пратениците останува усвојувањето на законските решенија кои досега беа заглавени во Парламентот. Низ нормална и демократска атмосфера овде во законодавниот дом, очекувам дека ќе бидат донесени важни законски решенија како што е Законот за нов Клинички центар, имените на Изборниот законик, изборот на професионални состави на Програмскиот совет на МРТВ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за легализација на бесправно изградени објекти, како и законите кои овозможуваат задолжително пензионирање на 64 и 62 години старост, нагласи Калеска Ванчева.

Таа најави дека преку работни групи ќе се разговара за можностите за една изборна единица, отворени листи, како и гласање на дијаспората надвор од димпломатско-конзуларните претставништва.

-Како пратеници, како политичари имаме обврска да работиме во интерес на сите граѓани, без разлика дали гласале за нас или не, наша обврска е да им служиме на граѓаните, да и служиме на државата, посочи пратеничката од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски