(ВИДЕО) Калајџиев: Судовите да пресечат по право, а не по политика

Од:

„Судството треба да престане да чека одлуки од политката. Едно решение за проблемот со СЈО даде Врховниот суд, со кое не се согласува Обвинителството. Кој би можел да го толкува тој закон кој е дел од Пржинскиот договор?“, рече универзитетскиот професор Гордан Калајџиев одговарајќи на новинарско прашање за иднината и истрагите на СЈО.

Говорејќи за правниот вакуум во врска со статусот на СЈО, Калајџиев рече дека не е добро што во општеството постои поделеност: „Правниот систем е поделен. Од една страна Верховниот суд, а од друга Министерството за правда, СЈО и странските амбасади“. Професорот потенцира дека проблемот со рокот на Обвинителството треба да се решава со принципи, а не со навивање.

„Судството мора да пресече по право, а не по политика. Судиите се ставени меѓу чеканот и наковалната“, рече Калајџиев. Тој посочи дека државата не може да си игра со судбината на обвинетите, во смисла дека може еднаш да прекине да ги гони, а потоа со нов закон да продолжи со кривичниот прогон.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов