(ВИДЕО) Како го убедуваше Мијалков судот: Мојот стил не е бегање, со бегање работите не се решаваат

Од:

Обвинетиот Сашо Мијалков, кој никој не знае каде е и против кого се водат неколку дела, пред две години во судот убедуваше да не добие притвор за „Империја“ што беше побарано од обвинителката Фатиме Фетаи.

-Слушнав денеска од страна на обвинителството дека се појавиле во текот на моето однесување околности коишто им наговестувале дека ќе сум се дадел во бегство. Сакам да кажам дека ваквото тврдење може да се сведе на шпекулавии. Наративот на моето однесување… со ниеден гест или мала индиција дека јас сум помислил, а камоли да направам такво нешто.

Филозофијата на моето размислувањ е дека со бегање работите не се решаваат, стилот на моето живеење не е бегањето, односно сакам да ви кажам јас никогаш нема да побегнам. И доколку Апелациониот суд ја потврди пресудата тоа ќе го решам со извршување на казната, никако со бегање, убедуваше Мијалков тогаш обвинет уште во 3 предмети на СЈО – Тортура, Таргет – Тврдина и Трезор.

Би можело да ве интересира

Пресуда за филмското бегство од Идризово – Три години затвор за командирот, затворски казни и за полицајците

(ВИДЕО) A1он во Идризово: Бегствo од затворот – Тунелот пропадна, но не и обидите

Анита Петровска Рајковиќ

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мијалков овојпат со затворско комбе симнат позади судот, завршни зборови за „Титаник 2“

Кристијан Ландов

Пет месеци судиите ја пишувале пресудата за „Трезор“, втор предмет за кој е ослободен Мијалков

Кристијан Ландов

Двојни аршини: Мијалков привилегиран и во затвор, правилата за затворениците – не важат и за него

Кристијан Ландов