ВИДЕО: Кај Чинарот се гради на диво, никој не побарал одобрение од Општина Охрид  

Од:

Просторот кај Чинарот во Охрид, каде што веќе втора недела се гради летна тераса Општината не го дала под закуп, ниту пак издала одобрение за било какви градежни активности вклучително и поставуавaње урбана опрема. Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски најавува правна разврска додека на плоштадот Чинар се ѕида и работници подготвуваат летна тераса.

„Не е склучен договор за краткотраен закуп на предметната локација со ниедно физичко или правно лице.  Во овој момент не е издадено ниту одобрение за поставување урбана опрема на предметниот простор. Во Општината не е доставен проект со барање за одобрение од ниту едно право или физичко лице“, изјавија за „А1он“ од Општина Охрид.

Градоначалникот Георгиевски вели дека е во тек со случувањата на плоштадот Чинар.

„Информиран сум дека има такви градежни активности на тој простор. Вчера излегол градежниот инспектор. Записникот не сум го видел. Точно е дека имаше програма за урбана опрема изминатите десетина години. Од Секторот за урбанизам при Општината ме информираа дека нема одобрение за градежни активности. Ве уверувам дека како и за другите случаи, ќе има правни разврски“, рече градоначалникот Георгиевски.

Единствениот градежен инспектор во Општина Охрид, Слободан Дамјаноски, не е достапен да каже што констатирал и што ќе преземе за дивоградбата во заштитеното градско јадро.

Кај Чинарот во Охрид, каде што веќе втора недела се гради летна тераса

Додека непознатиот приватник прво уриваше, а сега гради на плоштадот, наследниците на плацот водат битка низ институциите за да си ја вратат сопственоста. Драги Циглов, еден од наследниците, вели дека државата не им го вратила земјиштето, со образложение дека тие ќе бидат обесштетени, а парцелата ќе се користи за мини плоштад и проширување на некоја од улиците. Општина Охрид не одговори зошто не постапиле како што им објасниле на наследниците.

Кристијан Ландов и Маја Илиевска – Пачемска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка